Совети

Доколку имате куче најверојатно некогаш ќе повреди нокт. Кучињата се многу активни суштества и нивните канџи зпнуваат на нерамни подлоги додека си играат или трчаат.

Прочитајте што треба да направите кога ќе дојде до оваа многу болна повреда…

Ноктите на кучињата редовно се “трошат“ при триење на рапави површини. Меѓутоа ноктот на “петиот прст“, кој се наоѓа нешто повисоко на шепата, посебно е подложен на повреди.

nokt1

Доколку кучето при игра случајно го закачи тој нокт може да дојде до пукање и крварење. Затоа е важно да побарате помош од ветеринар за да не дојде до инфекција. Она што можете вие да го направите во ваков случај е да го преврзете прстот или шепата за да го спречите крварењето.

За да се спречат понатамошни повреди, најпрвин треба да го исечете делот на скршениот нокт, да го спречите крварењето, да го исчистите местото со вода и да го дезинфицирате со анисептик.

Шепата треба да се преврзува наредните неколку дена со редовно менување на завојот како би се намалила иритацијата на оштетеното ткиво. Ветеринарот ќе му препише на кучето антибиотици кои се применуваат за да се спречи инфекција. Скршениот нокт ќе почне да расне за неколку дена.

nokt2