Совети

Каснување од инсекти кои се наоѓаат во природата може да предизвика локални или системски реакции во организмот. Локалните реакции на организмот на каснувања од инсекти се манифестираат со црвенило на кожата, оток и болка кои се резултат од отровот на инсектите. Само кај осетливи животни (животни кои претходно биле изложени на каснувања од инсекти) може да се појави алергиска реакција на убоди од инсекти, и освен како промени на кожата може да се манифестираат и во форма на системски реакции.

Системска алергија се манифестира со исип на сите делови на телото (уртикарија), оток, повраќање и дијареа. Во потешки случаи животното има тешкотии во дишењето, се гуши и има тешкотии при голтањето поради оток на јазикот. Како најтежок облик на преосетливост на каснувања од инсекти може да се случи и анафилактичен шок, проследен со пад на крвниот притисок, колапс, губење на свеста, цијаноза на слузницата и на крајот смрт.

bee sting
Отровите од оси и стршлени содржат хемиски активни супстанции, па алергиските реакции се потешки, посебно при каснување од стршлен. Осите и стршлените можат да го каснат животното повеќе пати, за разлика од пчелите кои при убодот ја оставаат боцката од која се ослободуваат токсини. По каснување од пчела потребно е со пинцета или со нокти да се отстрани боцката од кожата на животното.
На местото на каснување од инсекти треба да се ставатта ладни облоги и местото да се премачка со антихистаминици (chloropyramine- synopen маст). Доколку се појави осип, отежнато дишење, гушење, оток на паците неопходно е што поитно да побарате помош од ветеринар. За осип, отежнато дишење и гушење се даваат антихистаминици и тоа интравенозно. Доколку се појават знаци на шок (пад на крвниот притисок, колапс, цијаноза) се спроведува антишок терапија со давање на адреналин, антихистаминици и кортикостероиди во ветеринарна амбуланта.