Тие сакаат да се умилкуваат, но понекогаш здивот им е неподнослив.
Меѓутоа, помошта за миленичињата со лош здив се наоѓа во вашата кујна!

Интегрален ориз
Варењето игра важна улога во мирисот на здивот. Па затоа е добро за забрзување на варењето на вашето домашно милениче да му дадете житарици. Додадете малку варен интегрален ориз во оброкот на миленичето.
Морков
После јадење, почестете го миленикот со морков. Ова растение има благо абразивно дејство а исто така помага и во отстранување на каменецот и непријатните мириси. Џвакањето на крцкава храна ја стимулира плунката, која ги чисти остатоците од храната од устата и забите.

Магдонос
Направете спреј за освежување на здивот на миленикот. Потопете неколку гранчиња магдонос во топла вода. По неколку минути, отстранете го магдоносот и оставете чајот да се излади. Ако вашето домашно милениче сака да пие чај, тоа е одлично! Ако не, претурете го чајот во спреј и повремено попрскајте во устата на кучето или мачката.
Никако да не се користат производи за освежување на здивот наменети за луѓето. Овие производи се премногу силни, и не се наменети за животни.

