Кога сакаат да земат милениче, повеќето луѓе во својата глава замислуваат преслатко, помалку трапаво и симпатично кутре, кое со нивна помош ќе ги научи првите трикови и команди. Сепак, тие често не знаат дека вистинското богатство е скриено токму кај постарите кучиња.
Тие веќе го совладале најважното - знаат каде да вршат нужда, нема да ве будат во текот на ноќта барајќи го вашиот допир и топлина, и генерално се социјализирани со луѓе и други кучиња. Се разбира дека и нив како и на малите кученца, ќе им бидете центар на светот.
Еве неколку причини зошто токму возрасно куче треба да биде вашиот нов миленик:
- Тие се најдобри пријатели за попладневна дремка - штом ќе ве видат како сте се склопчиле на каучот, веднаш ќе сакаат да легнат до вас. Повеќе ја сакаат дремката од трчањето по топчиња
- Сепак често знаат да се однесуваат како малечки кученца – неуморно да трчаат по фризбито или топката, или да не насмеаат додека се прпелкаат по снегот.
- Тие веќе виделе многу во животот и знаат да ја ценат вашата љубов и внимание. Тие знаат дека сте ги спасиле и сте им дале дом и затоа ве сакаат безусловно.
- Постаро куче ќе се радува и ќе го цени секој ваш мал знак на благодарност – секое галење, секој бакнеж, секоја нова играчка или десерт.
Погледнете како сето тоа изгледа:
