Занимливости

Големо браво за оваа американска држава! Со месеци, активистите за правата на животните, сопствениците и лобистите вложуваа огромни напори за да се усвои овој закон. Кон крајот на минатата година, управата за јавно здравје на оваа држава официјално го поддржа и усвои овој закон.

Оваа дозвола се однесува на градините на рестораните каде што е можно и кучињата да уживаат во деликатесите во нивните чинии. Исто така, сопствениците на кучиња се обврзуваат да ги држат кучињата на поводник и така може без проблем да уживаат во специјалитетите на ресторанот заедно со своите кучиња во сите делови на оваа федерала држава.

kuce vo restoran

И претходно, иако во тајност и надвор од законот, голем број на ресторани примале кучиња во градините, но постоела опасност од контрола на санитарната инспекција.

Според управата за јавно здравје, тие никогаш не биле против кучиња во рестораните, но морало да се изнајде најбезбедно здравствено решение за оваа пракса да се озакони.

Угостителите се презадоволни, бидејќи голем број на сопственици и нивните кучиња шетаат по улиците, но досега не биле во можност да седнат во рестораните, да се одморат и да имаат закуска.

Вакви закони се донесени и во државите Калифорнија и Њујорк. Како што обично се случува во САД, и други федерални држави тргнале по нивните стапки. Во Мериленд рестораните може да примаат кучиња во градините, но откако ќе ги информираат локалните здравствени власти и ќе добијат писмена дозвола. Исто така и Флорида издава вакви дозволи на заинтересираните ресторани.