Занимливости

Одлична идеја за развој на туризмот! Британска осигурителна компанија, која осигурува и домашни миленици, обезбедила една недела бесплатно возење со автобус, три пати на ден за сите сопственици на кучиња во Лондон, како и за туристите кои доаѓаат во овој град, во придружба на нивните кучиња.

Во текот на оваа промотивните недела, сите сопственици на кучиња ќе можат потполно бесплатно за период од час и половина, од панорамски автобус, да ги запознаат знаменитостите на Лондон кои се интересни за сопствениците на кучиња – ресторани и барови кои дозволуваат присуство на кучиња во нив , паркови за кучиња и други локации кои може да се посетат со миленикот.

dog bus 735x400

Идеата е покрената со цел Лондон да стане првиот град на светот кој ќе дозволи кучиња во јавниот превоз, а трасите на автобусите ќе водат до најголемите паркови, како Хајд парк, градината Кенсингтон и Зелениот парк. Во осигурителната куќа се надеваат дека наскоро автобусите за кучиња ќе станат составен дел од јавниот превоз на Лондон.

Сите патници ќе добијат подарок пакети со грицки за кучиња и топки. Во автобусот ќе има и водич, кој ќе ги запознава патниците со историјата на кучињата во Лондон. Покрај тоа, сите патници ќе добијат карта со означени ресторани, продавници и пабови кои можат да ги посетат во придружба на своите миленици.