Ако имате мачка веројатно веќе знаете дека таа поседува некои неверојатни особини. Дури и ако никогаш не сте имале мачка прочитајте ги овие занимливи детали врзани за најпопуларните куќни љубимци во светот.
Физиологија и однесувањето
Расположението на мачката има скоро подеднакво влијание на големината на зениците како и количината на светлина.
Вознемирена или уплашена мачка има широко отворени зеници а налутена мачка има стеснети зеници.
Слушниот "апарат" на мачката е толку развиен што таа може да разликува два идентични звучни извори оддалечени еден од друг 0,5m на раздалеченост од дури 20m ! Увото на мачката се состои од дури 20 мускули (луѓето имаат 6) кои ги контролираат движењата на надворешното уво и можат да го ротираат за 180 степени. Мачката така може да чуе звук од сите правци без да ја мрдне главата.
Необичните звуци и чкртање на вилицата на мачката која низ прозорот гледа птица или инсект само представува инстинктивно однесување на ловец месојад кој го убива пленот со силни загризувања.
Мустаќите на мачките најчесто им служат за да проценат дали можат да се провлечат низ некој отвор. Бидејќи во телото немаат поголеми поединечни коски од тие на главата отворот кој е доволен за да пројде главата е доволен низ него да помине и целото тело.
Мачките немаат потни жлезди и поради тоа имаат значително послаб мирис на нивното тело на пр.од кучињата. Овој факт меѓутоа ги прави релативно осетливи на високи температури.
На мачката во лоши светлосни услови и е потребно 6 пати помалку светлина (во однос на човекот) за да може јасно да гледа. Тоа го овозможува посебна мембрана Tapetum Lucidum која се наоѓа на периферијата на рожницата и која има рефлектирачка површина. Таа уште еднаш ја одбива применета светлина накај зеницата и на тој начин ја зголемува количината на “впиена“ светлина. Одблесокот со зеленкаста боја кој може да се види на фотографии на мачки и кучиња кои се снимени со користење на блиц представува рефлексија од оваа мембрана. [Овој несакан ефект на фотографиите може да се избегне само со користење на дифузен филтер кој се поставува помеѓу блицот и мачката или со изместување на блицот што подалеку од апаратот]
Освен во носот, мачката поседува уште едно сетило за мирис во вид на Јакобсонов орган. Се работи за хемиски осетливи нервни завршетоци кои се наоѓаат во горниот дел на усната шуплина. Најразвиен Јакобсонов орган има змијата која со исфрлање и вовлекување на влажниот јазик пренесува молекули на мирис до осетливите нервни завршетоци.
Кога пие течности мачкиниот јазик ја внесува течноста во усната шуплина од долната страна, за разлика од кучешкиот јазик.
Како и луѓето сите мачки се делат на левучари и десничари.
Од сите животни на планетава само жирафите, камилите и мачките одат истовремено со левите па со десните нозе.
Мачката многу ретко мјаука во комуникација со друга мачка. Овој начин на огласување мачките го користат само со луѓето.
Доскорешното верување дека мачките не се во состојба да разликуваат бои е побиено во најновите истражувања. Мачките можат да ги распознаат зелената, плавата и црвената боја.
Мажјакот на домашната мачка станува полно созреан помеѓу 7-от и 10-от месец, додека женката може да остане бремена веќе помеѓу 5-от и 9-от месец од животот. Без контрола женката може во континуитет да има младенчиња на секои 4 месеци, па многу е важно да се контролира нивното парење или да се стерилизираат/кастрираат.
Пропорционално на големината на главата и телото, мачките имаат најголеми очи од сите цицачи.
Мачките мораат преку својата исхрана да внесуваат масти, затоа што нивниот организам не е во состојба да ги произведува. Немојте да ја храните својата мачка со индустриска и сува храна за кучиња, затоа што на мачките им се потребни 5 пати повеќе протеини одколку на кучињата.
Мачките имаат подобра краткотрајна меморија од кучињата. Најновите експерименти спроведени на универзитетот во Мичиген утврдиле дека краткотрајното памтење кај кучињата не преминува 5 минути, а кај мачките може да трае и до 16 саати, што ги надминува резултатите и на мајмуните и орангутаните.
Единствен вид на домашна мачка која сака вода е Турската Ван мачка. Во исламската религија позната е и под името “мачка што плива".
`Предењето` е составен дел од комуникациите кај мачките. Необично е што некогаш предат и повредени и болни мачки. Предењето сепак е израз на добро расположение и задоволство и прв пат се слуша кај мачињата кога цицаат млеко. Супстанциите од кората на поморанџата и лимунот и сметаат на мачката. Овој факт може да го искористите како ефикасен начин за да го одучите миленикот од гребење на мебелот или обувките.
Научно е докажано дека милувањето на мачката може да го снижи повишениот крвен притисок.
Иако заслужува посебен текст овој пат само ќе го спомнеме сеуште недоволно истражениот феномен. Иако мачките се сметаат за помалку верни и приврзани за сопственикот и домот од кучињата, неверојатни случаји на тнр. психолошко следење на сопственикот на огромни раздалечини го говори спротивното. Документирани се случаи мачките да поминуваат и по неколку илјади километри и успешно да го пронаоѓаат сопственикот. Ова упатува на постоење на некакво сетило за коешто науката сеуште нема објаснување. На некои од најголемите светски универзитети последните години се вршат испитувања кои пробуваат да откријат вршат испитувања кои пробуваат да откријат дали мачките и кучињата можат телепатски да комуницираат со човекот или со другите животни.
